За Нас

СЕКОЈ ДОМ Е ЕДИНСТВЕН, ИСТО КАКО НАС.

ТОЈ ПРЕТСТАВУВА СЕ ОНА ШТО НИ Е ВАЖНО.

 

УБАВ ДОМ е регистрирана подружница на ЕЛЕКТРО ТОЧИЛА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ која со својата успешна работа и соработка со голем број на домашни и странски компании постои повеќе од 25 години. Потврда за успехот е пробивањето низ транзициони времиња со остварување на солидни достигнувања што е гаранција за иднината на нашата фирма. 

Мали сме како фирма но големи по знаење, со реални и големи желби но и упорност за континуиран развој.

УБАВ ДОМ е компанија за мебел лоцирана во ПРИЛЕП, Македонија. Главната цел е производство на високо квалитетен мебел од иверка, медијапан и масивно дрво, во спој со модерен и квалитетен оков.

Користиме модерна технологија за обработка на иверка, дрво и медијапан, но даваме посебен акцент на рачната доработка на секое парче мебел, што е неопходно за стилот на производи кои ние ги произведуваме. Производите ги исполнуваат највисоките еко стандарди.  Најважната карактеристика на нашата компанија е целосна флексибилност за адаптација на побарувачката на пазарот и континуирано следење на новите трендови во дизајнот.

УБАВ ДОМ - Салон за мебел © 2024. UKION SHOPS