Информации за испорака

РОКОВИ НА ИСПОРАКА

        Главна определба на УБАВ ДОМ е брза испорака на своите производи до купувачите;

        Рокот на испорака на производите зависи од видот на производ, односно од тоа дали се нарачува готов производ или се нарачува производ по изработка, и изнесува до 30 дена;

        За производи за кои е потребно поголемо време за изработка и достава се известуваат самите клиенти пред склучување на нарачката;

        Максимален рок за чување на купената роба на клиентот во нашите магацини изнесува 45 дена;

•        По дадениот рок, резервацијата на робата завршува и производите повеќе не се чуваат за конкретната нарачка;

ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИ

•        УБАВ ДОМ обезбедува достава на сите производи купени во сопствените салони. 

        Доставата на мебелот се врши до куќниот број на купувачите. Начинот и времето на достава се договараат за време на купувањето на производите, и купувачите секогаш се известени пред испораката на мебелот;

        Истоварот и внесувањето на робата е обврска на купувачот

 

МОНТАЖА НА ПРОИЗВОДИ

 - УБАВ ДОМ обезбедува соодветна монтажа на своите производи и не превзема одговорност за Извршената монтажа од трети лица и направените грешки и штети при монтажата. Штетите направени при несоодветна монтажа се на товар на купувачот.

ДИМЕНЗИИ НА ПРОИЗВОДИТЕ

        Купувачите задолжително треба точно да ги проверат димензиите на производот кој го купуваат;

        Обврска на купувачот е да ги провери и димензиите на просторот каде треба да се внесе купениот мебел;

        За информации околу димензиите и пакувањата на производите, продажниот персонал стои на располагање на секој купувач;

        Доколку димензиите на нарачаниот производ, по нарачката, не одговараат на просторот каде треба да се внесат, УБАВ ДОМ не превзема одговорност и сите настанати дополнителни трошоци се на товар на купувачот.

 

УБАВ ДОМ - Салон за мебел © 2024. UKION SHOPS